Костовски го повика судот да ја реши конечно стечајната постапка за Хотел Кристал

Сподели со своите пријатели

Пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски со видео преку социјалните мрежи го повика Основен суд Куманово да стави крај на стечајната постапка за некогашен Хотел „Кристал“ кој се наоѓа во центарот на градот.

Loading...

– Основниот суд во Куманово, правосудниот систем генерално во нашата држава да стават точка со утврдување на сопственост на многу објекти. Денеска се наоѓаме на место што значи центар на Куманово, односно поранешен Хотел „Кристал“ којшто беше дел од „Бисерка“. Многу вакви објекти во Куманово за жал остануваат ругло и ништо повеќе. Се надевам дека  мојот повик ќе биде слушнат од Основниот суд во Куманово и праводусните органи во државата и се надевам на поддршка од кумановци за ваквата идеја, рече Костовски.

 

 

Идејата е да се утврди конечната сопственост на овој објект, како што рече Костовски, со цел да се стави крај на стечајната постапка што трае со години.

– Почнуваме од Хотел „Кристал“ меѓутоа ќе настапувам како пратеник и човек пред се да се реши сопственоста на сите овие објекти и да може Куманово да ги користи и да ужива во благодетите на ваквите објекти кои се во централното градско подрачје. Време е да се стави крај на стечајните постапаки што траат со децении, рече пратнеикот.

Posted by Martin Kostovski on Saturday, February 20, 2021

Со утврдување на сопственоста, овој објект како што рече Костовски,ќе може да се продаде и повторно да се изгради „Кристал, а кумановци да имаат современ градски хотел.

Loading...

Никола Ивановски / фото: архива

Leave a Reply