Костовски: Ако ДПМНЕ бега од консензус за избори, тие ќе се одржат на 21 јуни по сила на закон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Консензус за датум за избори треба да има, но ако ДПМНЕ бега од тоа, изборите по сила на закон ќе бидат на 21ви јуни, порача денеска на прес конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Loading...

Како што изјави Костовски, тоа е датумот кота истекуваат сите изборни рокови, 22 дена по завршување на вонредната состојба.

– СДСМ како одговорна партија вложува максимални напори да дојдеме до заеднички договор, не е добро ниту за нас, ниту за ДПМНЕ, ниту за државата да нема консензус за вакви прашања, но ако сепак ДПМНЕ инсистира  да нема датум за избори, тогаш по сила на закон  изборните рокови го проектираат 21 ви јуни како изборен ден и тука веќе работите не зависат од нас, туку од законите, изјави Костовски.

Според првиот човек на кумановскиот огранок на СДСМ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да ја втурне државата во неизвесност и нова криза.

– Рече дека и верува на Комисијата за заразни болести и побара нејзино мислење, го доби во најбрз можен рок, бараше мислење од ОБСЕ го доби за еден ден. Неговите услови се исполнети, и според Комисијата која дава точни протоколи и за кампањата и за изборниот ден и според ОБСЕ  кои потврдија дека ќе го набљудуваат изборниот ден. Апсурдна е позицијата за избори на Мицкоски, кога ќе имало нула заболени. Целиот свет, Светската здравствена организација, сите зборуваат дека ние уште долго ќе живееме со Ковид 19, најважно е да го контролираме и да се заштитиме од истиот- тоа е нашата нова нормална состојба, вели Костовски.

Според Костовски, гласањето ќе биде 100 отсто безбедно, и секој ќе помине само две до три минути на гласачкото место.

– Како што се движиме со заштитна опрема, маски ракавици, средства за дезинфекција во секој јавен објект, така истото ќе го направиме во тие 2-3 минути на гласачкото место, бидејќи потребни ни се функционални институции. Како што најавуваат надлежните здравствени институции, постои опасност од нов пик на есен со кој мора подготвено да се справиме, а не тогаш да се оптоваруваме со лидерски средби, кампањи и избори, вели тој.

Лицемерно и крајно неодговорно, како што вели Костовски, е ВМРО ДПМНЕ да негираат одржување на легитимни парламентарни избори, поттикнувајќи вештачка криза и барајќи изговори.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply