КОРОНА РЕКОРДЕР: Позитивен на ковид веќе 14 месеци, а направил 78 тестирања

Сподели со своите пријатели

Музафер Кајасан од Турција е позитивен на коронавирусот веќе 14 месеци, поради што поминал вкупно девет месеци во болница, а пет дома, во изолација.

Loading...

Досега има направено 78 тестови за ковид и секој пат резултатите биле позитивни!

Овој човек, кој дефинитивно е своевиден рекордер меѓу пациентите со Ковид, инаку боледува од леукемија.

Првпат му бил дијагностицирана коронавирусот во ноември 2020 година, кога бил примен во болница.

 

 

Тој бил пуштен дома по две недели, но тоа, како што се испоставило, бил само почетокот.

Loading...

Според турските мерки, самоизолацијата се прекинува по две недели доколку тестот за ковид е негативен. Сепак, сите 78 тестови кои Кајасан ги направил досега покажале дека тој е сѐ уште позитивен.

Музафер апелираше до властите да најдат решение за неговата ситуација поради која деновите ги поминува сам дома, а децата и внуците да ги гледа само низ прозорец.

Лекарите кои го следат неговото здравје велат дека тестовите за коронавирусот сѐ уште се позитивни бидејќи неговата леукемија го ослабила неговиот имунолошки систем.

Додаваат дека преживеал благодарение на лековите кои му ги давале за зајакнување на имунитетот.

 

 

Сопругата и синот не се заразени

Loading...

Сопругата на Музафер извесно време останала кај него во периодот на самоизолација и била двапати негативна на Ковид.

Неговиот син, кој исто така поминувал време со својот татко, исто така бил негативен на тестовите за корона.

„Закрепнав, но сѐ уште ги имам остатоците од коронаворисот во телото. Ова е единственото објаснување што го добив за позитивните тестови“, вели Кајасан, кој додава дека ковидот му го уништила социјалниот живот.

„Немам никаков проблем освен што не можам да ги гушнам моите сакани. Тоа ми е најтешко. Не можам ни да се вакцинирам поради мојата состојба”, рекол несреќниот човек.