Корисниците во САД колективно го тужат Гугл, бараат 5 милијарди долари отштета

Сподели со своите пријатели

Во федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, започната е судска постапка против Гугл, а тужбата е поднесена од адвокатската фирма „Boies Schiller & Flexner“ при што бараат отштета од најмалку 5 милијарди долари поради тоа што Гугл со анонимниот режим на пребарување во Хром (Incognito mode) „намерно ги мамел(потрошувачите) ”.

Гугл е тужен за нарушување на приватноста на милиони корисници без нивно знаење, со следење на нивните активности во веб-прелистувачот на Google Chrome во режим на приватно пребарување (инкогнито).

Loading...

Власти од 23 држави барале технологија за следење од Епл и Гугл

Проблемот е во тоа што корисниците сметаат дека нивното пребарување на интернет не се следи кога се во приватен режим, но Гугл вели дека тоа не е точно.

Кога ќе отворите Google Chrome во режим без архивирање, програмата не ја зачувува вашата историја на пребарување, но податоците за аналитика сè уште се испраќаат на веб-страниците што ги посетувате преку Google Analytics и Google Ad Manager.

Кога ќе го отворите инкогнито прозорецот прелистувачот ве известува дека „Хром не ја чува вашата историја на прелистување, колачињата и податоците на страниците и информациите што ги внесувате во формуларите“, но тие активности сè уште можат да бидат видливи за веб-страниците што ги посетувате, вашиот работодавец или училиште и интернет провајдер”.

Гугл дневно блокира по 18 милиони лажни мејлови за коронавирусот

Во судската постапка се тврди дека Гугл собира податоци за пребарување на интернет и други информации за корисникот преку своите производи како Google Chrome, Google Analytics, Ad Manager, Android и Google мобилни апликации и копчето „Google sign-in“ за веб-страниците, дури и при користење на режимот за приватно пребарување.

Тужителите тврдат дека кога корисник посетува веб-страница или отвора апликација која користи услуги на Гугл, користена од повеќе од 70% од онлајн издавачите, податоците за корисниците, како што се IP адреса, што гледа корисникот, што е последно видено и хардверски детали, се испраќаат до серверите на компанијата во Калифорнија.

Ова скоро секогаш се прави без знаење на корисникот, бидејќи Google не бара веб-страниците однапред да откриваат дека тој собира информации за посетителите без оглед на тоа како се користат веб-прелистувачите.

Loading...

Гугл по прв пат објави колку заработува од Јутуб

Во тужбата се тврди дека оваа практика на Гугл ја нарушува приватноста на корисниците, дека компанијата намерно ги мами корисниците и дека ова им дава можност на Гугл и нејзините вработени да откриваат интимни детали за животот, интересите и употребата на интернетот на корисникот.

Со колективната постапка ќе бидат опфатени милиони корисници на Гугл кои пребарувале на интернет во приватна режим од 1 јуни 2016 година.

Хозе Касташеда, директор за јавни комуникации на Гугл, ги негираше овие обвинувања и рече дека решително ќе се брани на суд.

Гугл го менува начинот на кој функционира интернетот?

Тој рече дека режимот за приватно пребарување на Chrome им овозможува на корисниците да пребаруваат на интернет без да ги чуваат своите активности во прелистувачот или уредот. Тој посочи дека тие јасно посочуваат, секој пат кога некој корисник ќе отвори нов „инкогнито“ таб, дека веб-страниците можат да соберат информации за нивните пребарувања.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *