Гугл дневно блокира по 18 милиони лажни мејлови за коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Измамниците испраќаат 18 милиони лажни пораки за коронавирусот на корисниците на Gmail секој ден, соопшти Гугл.

Loading...

Техничкиот гигант вели дека пандемијата довела до „експлозија“ на измамнички напади во кои сајбер-криминалците се обидуваат да ги измамат корисниците да ги откриваат своите лични информации, пренесува Би-Би-Си.

500.000 лозинки од корисниците на моментално најпопуларната платформа завршија на црниот пазар

Како резултат на тоа, компанијата блокирала повеќе од 100 милиони лажни пораки дневно, а минатата недела скоро една петтина од ваквите пораки преку е-пошта биле поврзани со коронавирусот.

Профилите на Gmail ги користат 1,5 милијарди луѓе.

Поединците добиваат најразлични пораки, на кои испраќачите се претставуваат како службени лица, како што е Светската здравствена организација, со цел „да ги натераат“ жртвите да преземаат софтвер или да донираат за непостоечки цели.

Процут на 5G уредите: Во оваа држава се очекува продажба на 8,4 милиони уреди

Сајбер-криминалците исто така се обидуваат да го искористат пакетот државна помош, претставувајќи се како јавни институции.

Loading...

Leave a Reply