Гугл го менува начинот на кој функционира интернетот?

Сподели со своите пријатели

Гугл планира во следните две години целосно да ја укине поддршката за интернет колачиња (cookies) во интернет прелистувачот Chrome за надворешни лица.

Loading...

Најавата за укинување на поддршката за интернет колачиња за трети лица во Chrome не е големо изненадување, со оглед дека тие имаат намера да ја подигнат безбедноста на нивниот интернет прелистувач.

Сепак, крајниот рок за прекин на поддршката е прилично краток и може да има последици за повеќе индустрии кои го засноваат својот бизнис на тоа.

Исто така, се планираат нови ограничувања за следење на корисниците. Воведени се нови правила на SameSite кои утврдуваат дека на колачињата означени за употреба од трети страни може да се пристапи само преку безбедна интернет-врска или HTTPS.

Сепак, во следните две години се планира целосно да се отстрани поддршката за интернет колачињата во Chrome.

Ќе биде огромна промена, особено за рекламната индустрија и издавачите кои зависат од следење на движењата и однесувањето на корисниците на интернет и трговијата со нивните информации.

Гугл ќе понуди решение колоквијално наречено „песочник за приватност“, што треба да им овозможи на огласувачите да прикажуваат релевантни реклами, додека го минимизираат следењето.

Сè уште не е познато како ова всушност ќе функционира во пракса.

Loading...

Гугл има намера да ја преземе оваа иницијатива преку процес на стандардизација, и дека тестирањето е планирано во текот на следната година, проследено со постепено префрлување на рекламирањето кон нови, различни системи.

Се очекува да има такви кои ќе се спротивстават на сè. Гугл е отворен за алтернативни решенија, но тие инсистираат на заштита на приватноста на корисниците и стандардите за компјутерска безбедност.

Тие исто така очекуваат други креатори на веб прелистувачи да го следат примерот. Некои од нив, како Mozilla Firefox, веќе направија радикални потези за блокирање на бројни мрежни колачиња од трети страни.

Leave a Reply