Конечно потопло и сончево време

Сподели со своите пријатели

Конечно посончево, но не и премногу топло време во четврток.

Loading...

Утрото ќе биде генерално ведро, со мала локална облачност во источниот крај. Денот ќе биде претежно сончев. Ветерот ќе биде претежно слаб, освен долж повардарието, каде само повремено ќе дува умерен северозападен ветер.

Денот ќе биде умерено топол, а дневната максимална температура долж повардарие и во источниот регион ќе достигне максимална вредност помеѓу 27°С и 32°С.

Температура околу 26°С се очекува во пелагонискиот и охридско-преспанскиот регион.