Конашенков: Украинските сили користат забранети противтенковски мини

Сподели со своите пријатели

Украинските вооружени сили користат противтенковски мини ЕМП Ф2 од француско производство, со што ја прекршуваат Женевската конвенција, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.

Loading...

Во напад на руските вооружени сили врз украинската 72. механизирана пешадиска бригада во близина на Артјомовск во самопрогласената Народна Република Доњецк, убиени се над 50 националисти, а уништени се шест парчиња воена техника, пренесе ТАС С.

– Поради тоа украинските војници се повлекоа, посочи тој.

„На 14 август, руските војници пронајдоа повеќе од 50 противтенковски мини ЕМП Ф2 од француско производство на позиции напуштени од единиците на украинската 72. механизирана пешадиска бригада јужно од Артјомовск во (самопрогласената) Народна Република Доњецк“, рече Конашенков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Употребата на овие мини, за кои рече дека е невозможно да се отстранат или неутрализираат, е кршење на Протоколот II за забрана или ограничување на употребата на мини и други средства, според Женевската конвенција, усвоена на 10 октомври 1980 година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.