Компјутери и разна стока запленета на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Компјутери, принет и разна друга стока од почетокот на месецот завршиле во рацете на цариниците.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа, два нови десктоп компјутери со тастатури, марка HP Desktop pro G2, и 1 нов печатар со скенер марка HP laser jet pro MFP M130fw, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на српски џип Land Rover, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените апарати, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Вкупно 390 парчиња, 2 пара, 24 сета и 36 литри разна стока (електричен и рачен алат, делови за возила, пили, прашок за перење, дезодоранси, пијалоци), биле откриени од страна на мобилните царински тимови на ЦИ Taбановце, при контрола на товарно моторнo возилo управувано од македонски државјанин.

Leave a Reply