Компаниите да воведат работење во четири смени

Сподели со своите пријатели

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со целиот економски тим продолжуваат будно и посветено да ја следат состојбата во економијата во услови на ширење на КОВИД-19 и се во постојана комуникација и координација со стопанските комори, синдикатите и останатите субјекти.

Loading...

Владата е целосно мобилизирана за справување со економските последици од кризата кои Навремено започнуваме да се организираме, подготвуваме и пред се да се обединуваме со стопанството во заедничка цел, а тоа е што поефикасн справување со негативните последици по нашата економија.

Ќе биде исклучително важно, правилно да ги насочиме ресурсите кои ги имаме на располагање за поддршка на оние сектори кои се најпогодени од кризата и како што чекориме ќе продолжиме да правиме анализи и да развиваме сценарија што ќе не подготват да одговориме на предизвиците.

Деновиве сме сведоци на непочитување на препораките од Владата од страна на дел од производствените компании, рестораните и други субјекти. Апелираме фабриките и погоните да ги почитуваат препораките и да ја реорганизираат работата во смени. Препораката на Владата  производството да се одвива во 4 смени со цел да има што помал број вработени во смена и да се дезинфекцира просторот после секоја смена.

Инспекциските служби се на терен и ќе го санкционираат секое непочитување на владините одлуки и заклучоци. 

Во овие моменти најважно е да го сочуваме јавното здравје. Покрај здравствените ризици, корона вирусот донесе и еднакво големи предизвици за светската економија. Таа трпи засега се уште несогледливи негативни последици, а домашната економија, исто така, нема да остане имуна на последиците од корона вирусот и должност на Владата, е час поскоро да започне со мерки на заштита и поддршка на економијата и компаниите.

Интегрално соопштение: Влада на РСМ

Leave a Reply