Колку руските војници се блиску до нуклеарниот реактор?

Сподели со своите пријатели

На почетокот на март, руските сили ја окупираа нуклеарната централа Запорожје.

Loading...

Според видеата од 21 август, се чини дека Русија го зголемила бројот на војници во централата и поставила воени возила на 60 метри од реакторот, пишува британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.

„Русите веројатно сакале да ги сокријат возилата и имаат намера да ги искористат активностите на украинските сили во близина на нуклеарната централа за пропагандни цели“, соопшти Министерството.

 

 

 

„Сè додека Русија ја држи нуклеарната централа под воена контрола, постои ризик од оштетување на уредите за ладење на реакторот и помошните системи за снабдување со енергија или човечка грешка, односно проблеми со ефикасната работа на украинскиот персонал кој е под притисок“, додава.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...