Колку гас истече поради штетата на Северен тек?

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на гасниот гигант Газпром, кој е под контрола на Кремљ, во петокот изјави дека истекле 800 милиони кубни метри природен гас по експлозијата што погоди два цевководи под Северното Море.

Loading...

Портпаролот за гас Сергеј Купријанов преку видео врска на седницата на Обединетите нации изјави дека количината на ослободен гас е еднаква на тримесечната испорака на Данска.

За потсетување, шведската министерка за надворешни работи Ен Линде потврди дека истекувањето на гас од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 биле предизвикани од експлозии.

„Гасот што истекува од Северен тек 1 и 2 во ексклузивните економски зони на Шведска и Данска е резултат на детонации, најверојатно предизвикани од саботажа“, напиша таа на Твитер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Данската агенција за енергетика извести дека во морето истечело големо количество гас.

На авионите и на бродовите им беше наредено да останат најмалку пет наутички милји подалеку од местото на инцидентот.

Шведските сеизмолози подоцна објавија дека во понеделникот регистрирале две експлозии долж трасата на гасоводот, јави ТАСС.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...