Kолкава територија изгубила Русија од почетокот на инвазијата?

Сподели со своите пријатели

Институтот за проучување на војната (ISW) објави нова анализа за војната во Украина, во која детално се наведува колку територија Русија изгубила од почетокот на инвазијата.

Loading...

Руските сили изгубија област поголема од Данска од екот на нивната инвазија на Украина во средината на март и добија област со големина на Андора (еден процент од она што го загубија) во изминатите 39 дена, според ISW.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во средата изјави дека руските сили ја забавуваат офанзивната операција во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се очекува помасовен егзодус на образованите Руси

Истовремено, тој нагласи дека целите на Русија во војната не се променети.

На состанокот со министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС), Шојгу изјави дека руските трупи ќе го забават темпото на офанзивните операции во Украина во свесен напор да ги минимизираат цивилните жртви.

Рускиот министер повтори дека операциите во Украина се одвиваат според планот и дека руските сили ќе ги постигнат своите цели.

Руското Министерство за одбрана веќе излезе со слични изјави во врска со темпото на операции во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои делови на Украина сака Путин да ги припои кон Русија?

Неговата изјава може да претставува и обид на руското Министерство за одбрана да ги објасни и оправда занемарливите придобивки што ги постигнаа руските сили во Украина во изминатите шест недели, пишува ISW.

Loading...

Откако руските сили ги продолжија офанзивните операции по пауза на 16 јули, тие освоиle само 450,84 км2 нова територија, област со големина на Андора.

Притоа изгубиle површина од 45.000 км2 територија заклучно со 21 март, што е територија поголема од Данска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан сака да ги спречи досега најсилните европски санкции против Русија

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.