Кој е виновен што жените сe повеќе избегнуваат да се сончаат топлес?

Сподели со своите пријатели

Бројот на Французинки кои се сончаат топлес достигна најниско ниво во последните 40 години поради стравот од тајна фотографија и објавите на социјалните мрежи. Новата анкета во Франција покажа дека само 19 проценти од жените ќе одат топлес на плажа во Франција, наспроти 40 проценти во 1984 година.

Loading...

Речиси 50 проценти од анкетираните жени велат дека причината е стравот од малтретирање или напад од мажи.

Жените исто така се се повнимателни за здравствени проблеми како што е ракот на кожата.

Бројот на Французинки кои се сончаат топлес го достигна четириесетгодишниот минимум поради стравот дека можеби ќе бидат тајно фотографирани, и нивната слика објавена на социјалните мрежи.

 

 

Истражувањето во 2020 година опфати повеќе од 5.000 испитаници од Европа.

Loading...

Французинките се помалку подготвени да се капат топлес од некои други Европејци, при што скоро половина Шпанки рекле дека се капат топлес, како и 34 проценти од Германците.

Сончањето топлес не се смета за сексуален егзибиционизам во Франција, иако може да се спречи со локални директиви кои забрануваат одредени стилови на облекување.

Сончањето топлес првпат го „зазеде“ своето место во Франција во 1960-тите, додека феминизмот од вториот бран ја зафати Европа, а жените бараа исто право да се сончаат на горниот дел од телото како и мажите.

 

 

Сликите на Брижит Бардо кои се сончаа топлес на Азурниот брег во тие години помогнаа овој гест да стане модерен потег.

Денес, правото на жените да се сончаат топлес на плажите се гледа како знак за еднаквост меѓу двата пола, и знак за прогресивните ставови на Франција.

Loading...