Кој е Чез Боно? Единствената ќерка на Шер која го промени полот и стана маж (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Чез Боно (51) е единственото дете на славниот пар Шер (75) и покојниот  Сони Боно, а тој е роден како девојче Честити.

Loading...

Чез најпрво открил дека е хомосексуалец, а потоа и дека е трансроден, во 2009 година. Потоа започнал со преминот кон маж, што било финализирано во 2012 година, кога бил подложен на операција за промена на полот и легално го сменил името.

 

 

Како што и рекол на Опра (67) во интервју, животот пред транзицијата не му бил лесен.

– Како дете се чувствував како момче, и кога влегов во пубертет и добив облини, тоа ме преплаши. Се чувствував како сопственото тело да ме изневерува, бидејќи го правеше спротивното од она што го чувствував. Животот пред транзицијата беше навистина тежок – рече тој.

Со помош на хирургија и хормонска терапија, Чез стана маж кој е задоволен од својот изглед. Папараците неодамна го фотографираа додека пазареше во Лос Анџелес, а тој беше облечен во опуштена и удобна облека.

Loading...

 

 

Шер објасни зошто и било тешко да ја прифати промената на нејзиниот син на почетокот.

– Го слушнав неговиот стар глас на телефонската секретарка и ми беше многу тешко. Наскоро сфатив дека не сум го изгубила, но тој беше само во друга форма – изјави таа за Си -Ен -Ен.

 

 

Loading...

Шер е позната легенда и икона на LGBTQ+ заедницата, бидејќи таа секогаш ги поддржувала и се борела за нивните права.

Да потсетиме, тој го документираше својот премин од жена на маж во филмот објавен во 2011 година наречен „Becoming Chaz“.