Кои европски земји ќе имаат најмногу електрични автомобили во 2035 година, а кои најмалку

Сподели со своите пријатели

Како што растат цените на горивото, електричните автомобили се повеќе се разгледуваат како долгорочна алтернатива. Анализата откри дека пребарувањето на Интернет за „електрични возила по достапни цени“ се зголемило за 550% само во последниот месец.

Loading...

 

 

Експертите од сајтот за споредба на цените на осигурувањето Confused.com ги анализираа растечките трендови на популарноста на електричните возила и податоците од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и Евростат.

Нивната студија предвидува кои европски земји најверојатно ќе имаат најголем удел на електрични возила на патиштата до 2035 година. Според истражувањето, се очекува во Холандија и Норвешка тој удел да изнесува дури 99,90%, а во Шведска 80,35%.

На крај се Словенија (29,93%), Летонија (28,29%) и Хрватска (28,25%).