Кога сте познати и богати не се изолирате како остатокот од светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерот Марк Волберг престојува во Австралија поради снимањето на една реклама, но пред тоа мора да следи одредени правила.

Loading...

Австралиските власти не сакаат да се коцкаат со ширењето на коронавирусот, така што секој патник по пристигнувањето во нивната земја мора да помине двонеделен карантин.

Австралиските власти утврдија и место каде Волберг и неговиот тим треба да вршат карантин, но луксузниот хотел што им го понудија за актерот не бил доволно добар, па тој побарал од властите дозвола да се изолираат во луксузното место „Бајрон Беј“, на крајбрежје.

Самоизолацијата на ова место е вистински луксуз, но во цената е вклучена и дневна и ноќна заштита, која се состои од двајца полицајци, и кои покрај тоа што го чуваат актерот, ќе се погрижат и да го почитува протоколот за карантин, пренесува порталот Кликс.

Приватна амбуланта е исто така во подготвеност, а повлекувањето ќе чини скоро половина милион долари со сите дополнителни трошоци на Волберг или на продуцентската компанија.

Иако во Австралија ќе остане само две недели, тој инсистираше да донесе со себе сопствена опрема за теретана.

Leave a Reply