Кога си гладен не си свој (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три гладни младенчиња на мечки биле снимени од камера во Калифорнија во моментот кога успеале да ја отворат вратата од автомобилот за да добијат сендвич, објавија локалните медиуми.

Loading...

Еден човек од Калифорнија минатата недела седел во својот автомобил со куче и се подготвувал да ужива во сендвич со солено говедско месо, кога се појавиле непоканети гости кои успеале да ја отворат вратата од автомобилот дури двапати во обид да поделат миризлив оброк со него.

Бил Дувал ги снимил младенчињата на мечките како се приближуваат и нивните обиди да ја отворат вратата која успеал да ја затвори и двата пати пред животните да успеат да влезат во возилото.

Сопругата на Дувал, Сенди, вели дека мечките се чести посетители на нивната област во Сиера Мадре.