Кога на мечката ќе и дојде се преку глава (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Циркуски работник завршил во болница откако при претстава во едно село во Русија близу Волгоград, брутално го нападнал медвед.

Видеото прикажува гневен медвед како на почетокот на претставата го напаѓа својот дресер, додека неговите помошници се обидуваат да го скротат.

Медведот успешно ја извел тачката, се спуштил низ рампата со скејтборд, но тогаш следува хаос. Машкиот член на трупата неколку пати го удрил животното со палка, што дополнително го вознемирило медведот. Го надвлада човекот, го собори на земја и започна да напаѓа, пренесува Дејли Мејл.

Пијан Русин влегол во кафез да нахрани медвед: Тој се нахранил, но со неговата рака (видео)

Loading...

Инцидентот можел да прерасне во трагедија, со оглед дека гледачите биле само неколку метри одалечени, без заштитни пречки или засолништа, кои би го спречиле животното.

На снимката се гледа дека медведов бил нервозен. Сакал да си замине, но дресерите го влечат назад.

– Циркусот и натаму е во селото. Дојдоа од Санкт Петербург, но сега сите во страв минуваат покрај шаторот. Се надевам дека надлежните органи ќе проверат што се случува, рекол жител на Олкоховка, Николај.

Селото Олкоховка е одалечено 78 милји од Волгогорад.

https://youtu.be/Slql4MUYzQU

Leave a Reply