Кога астронаутите одат во тоалет мора да бидат прецизни, затоа што тоа изгледа вака (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот астронаут Крис Касиди најде време да одговори на едно од најчесто поставуваните прашања на интернет.

Loading...

Верувале или не, луѓето најмногу ги интересира како изгледа вселенски тоалет?!

Астронаут одлучи да го пропушти летот во вселената поради една многу добра причина (ВИДЕО)

Касиди е дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS), кој минатата недела доби вреден товар на храна, како и најскапиот тоалет во светот, вреден 23 милиони долари.

Тие треба да бидат прецизни

Новиот UWMS (Universal Waste Management System) ќе го замени стариот тоалет, а астронаутот на НАСА ни покажа како работи.

Тоалетот се наоѓа во тесна просторија, и се состои од седиште прикачено на резервоар што прима 30 „единици“. Кога е полн, тој се заменува.

Која е всушност разликата меѓу космонаут и астронаут?

Loading...

Отворот е многу мал, па астронаутите треба да бидат прецизни! Урината се презема од специјален вакуумски УПА систем (Urine Processor Assembly), а најголемиот дел се рециклира.

Да не објаснаме премногу, погледнете во деталната презентација, директно од вселената:

 

Leave a Reply