Астронаут одлучи да го пропушти летот во вселената поради една многу добра причина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Астронаутот Крис Фергусон, кој се очекуваше да биде командант на првиот тест лет на Боинг во вселената следната година, одлучи да остане на Земјата за да може наместо тоа да присуствува на свадбата на неговата ќерка.

Loading...

„Преземам нова мисија, онаа која ми ги држи нозете цврсто на Земјата и дава приоритет на мојот најважен екипаж – на моето семејство“, напиша Фергусон на Твитер.

ТРПЕЗА ВО ВСЕЛЕНАТА: Еве што јадат астронаутите

Фергусон ќе ја преземе улогата на директор на Мисијата за интеграција и операции, како и директор на Crew Systems за комерцијалната програма на екипажот на Boeing.

Во видеото што го сподели на Твитер, Фергусон истакна колку е посветен на истражувањето на вселената, програмата „Starliner“, но и на семејството.

„Јас сум длабоко посветен на летот во вселената. Јас сум посветен на програмата Starliner и страствен сум за тимот што ја создаде. Но, следната година е многу важна за моето семејство. Презедов неколку обврски што едноставно не можам да ги пропуштам”, објасни тој.

НАСА повторно пишува историја: Руски и американски астронаути на првиот комерцијален лет (ВИДЕО)

Иако Фергусон не прецизираше за што станува збор, членовите на тимот „Боинг“ наводно потврдиле дека станува збор за венчавка на неговата ќерка.

Loading...

„Не одам никаде, едноставно не одам во вселената следната година“, рече Фергусон.

 

Leave a Reply