Кличко: Околу 70 отсто од Киев нема струја

Сподели со своите пријатели

Водоснабдувањето е обновено на левиот брег на Киев и делумно на десниот брег, но 70 отсто од жителите на главниот град на Украина утринава останаа без струја, објави градоначалникот Виталиј Кличко.

Loading...

„Инженерите и специјалистите на „Киевскиот воден канал“ работеа цела ноќ за да го вратат животот во главниот град. На левиот брег на градот веќе е обновен водоснабдувањето. На десниот брег планираме да го вратиме во првиот половина од денот. Сепак, 70 отсто од градот се уште останува без струја“, рече Кличко.

Како што објави украинска „Правда“, жителите на Киев јавуваат дека на десниот брег има струја и вода, но нема греење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина објави два услови за крај на војната

Ова е најголем прекин на струја во Киев од почетокот на војната, а доаѓа еден ден откако Русија изврши ракетни напади врз украинската престолнина.

Украина очекува дека нејзините три нуклеарни централи, кои беа затворени во средата поради руски ракетни напади, ќе бидат повторно во функција до вечерва, најави министерот за енергетика Херман Галушченко.

Очекуваме до вечерта нуклеарните централи да почнат да работат, односно да има струја од нив и тоа значително да ја намали загубата на електрична енергија“, изјави Галушченко за државната телевизија, пренесе Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.