КК Куманово: Зарем во Македонија има тројца судии?

Сподели со своите пријатели

Управата на Кошаркарскиот клуб Куманово излезе со сооштение во јавноста во која јавено прашува дали во Македонија постојат само тројца судии, а сетоа тоа поради фактот што исти судии се делегираат да делат правда на сите натпревари од финалната фаза од домашниот кошаркарски шампионат.

Управата на КК Куманово 2009, како и сите поддржувачи на клубот и љубители на спортот и кошарката во Куманово се згрозени од однесувањето на Комисијата за натпреварување во делот на делегирањето на судии за натпреварите од Плеј-офот на кошаркарското првенство на Македонија. Се прашуваме дали во Македонија има само 3 судии кои можат да ги судат сите клучни натпревари на крајот на сезоната, од кои двајца се т.н. буџетари, односно директно зависат од однесувањето на централната власт во државата, а на сите ни е јасно дека политиката има силно влијание во македонската кошарка, без на ниту еден начин да го оспориме квалитетот на КК МЗТ Скопје Аеродром, нивниот состав и игра.

Сметаме дека е крајно време Комисијата за натпреварување да излезе со јасен став за ваквото свое однесување и да даде образложение за ваквите свои одлуки, а сè со единствена цел истите да не се повторуваат во интерес на унапредување на кошарката во Македонија – стои во сооштението.

Марјан Мицевски инаку е единствениот судија што ја делеше правдата на трите финални средби меѓу МЗТ Скопје и Куманово. Два пати судија во оваа финална серија беше Милојевиќ, а по еднаш правдата ја делеа Зоран и Игор Митровски, Феревски и Павлов.

Интересно е што Мицевски повторно ќе биде прв судија и на четвртиот дуел од финалната серија, а друштво ќе му прават Милојевиќ и Зоран Митровски