КК Куманово утре го пречекува актуелниот шампион

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен во рамките на 15то коло од шампионатот го пречекуваат актуелниот првак на македонската кошарка, составот на МЗТ Скопје.

Loading...

На овој меч тренерот Владимир Мирковски на располагање ќе ги има сите кошаркари и ќе може да смета на нив за овој дуел, велат од клубот.

Своето деби оваа сезона ќе го има и старо-новиот играч српскиот центар Александар Андрејевиќ.

Мечот ќе се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 19 часот.

Никола Ивановски