Ќеса со муниција пронајдена во близина на воените магацини во Куманово

Сподели со своите пријатели

Ќеса со муниција била пронајдена вчера од кумановец покрај патот во близина на воените магацини во Куманово.

Loading...

– На 08.05.2023 во 20.25 часот во СВР Куманово, Ј.В.(63) од Куманово пријавил дека околу 19.00 часот покрај патот од село Проевце, кумановско, кон населба Иго Тричковиќ, во близина на воените магацини, пронашол ќеса со муниција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници извршиле увид и во ќесата биле пронајдени една рамка од пушка и повеќе куршуми од различен калибар.

Предметите биле подигнати за понатамошна постапка.

Никола Ивановски