Кина утре лансира летало во вселената со човечки екипаж (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кина утре испраќа три лица во вселената на својата прва мисија со екипаж по скоро пет години, како дел од амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на следната година.

Loading...

Кина планира леталото со екипаж Шенжу-12 (Shenzhou -12) да го лансира утре од Џикван во северозападната провинција Гансу, изјави пред новинарите официјален претставник на кинеската вселенска агенција Џи Киминг.

 

Екипажот ќе го сочинуваат астронаутите Ни Хаиксинг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45), додаде тој.

Тие ќе останат на вселенската станица три месеци

Мисијата ќе ја води Неи, поранешен пилот кој ќе биде најстариот национален астронаут што отишол во вселената. Ова е негово трето патување во вселената, по мисиите на Шенжу – 5 во 2003 година и Шенжу – 10 во 2013 година.

 

Loading...

Шенжу – 12, што значи „Божествен брод“, ќе биде трета од вкупно 11 мисии потребни за изградба на кинеска вселенска станица.

Кина започна да ја гради вселенската станица оваа година кога на крајот на април го лансираше во орбитата Тијанхе, првиот и најголемиот од вкупно три модули.

Според плановите, тричлениот екипаж ќе остане во Тијанх три месеци, што значи Небесна хармонија.

 

Leave a Reply