Кина се подготвува за тајфун: Евакуирани 114.000 луѓе, училиштата затворени

Сподели со своите пријатели

Околу 114.000 луѓе се евакуирани поради тајфунот „Хаикуи“ кој утринава ја погоди југоисточната кинеска провинција Фуџијан, откако во претходните два дена го зафати Тајван.

Loading...

Тајфунот достигна максимална брзина од 20 метри во секунда, по што ослабна и стана тропска бура, пренесе Ројтерс.

 

 

Училиштата во градот Фужоу ја прекинаа наставата, а метеоролозите издадоа предупредување за силен дожд.

Многу летови беа откажани на два аеродроми во Фужоу и Гвангжу, а речниот сообраќај беше во прекин, објавија државните медиуми.

„Хаикуи“ се движи кон јужната кинеска провинција Гуангжу, а метеоролозите најавија дека ќе продолжи да слабее.

Loading...