Кина: Провокации на канадски воени авиони

Сподели со своите пријатели

Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека канадските воени авиони ги засилиле извидувањето и провокациите против Кина, загрозувајќи ја националната безбедност на таа азиска земја.

Loading...

Според соопштението, Кина се спротивставува на провокативните акции на Канада, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Џијан, рече дека кинеската војска презела разумни чекори за да се спротивстави на акциите на Канада и дала „церемонијални изјави“ преку дипломатски канали.

Минатата недела канадската армија ги обвини кинеските воени авиони дека ги вознемируваат нејзините патролни авиони додека го надгледува избегнувањето на санкциите против Северна Кореја, понекогаш принудувајќи ги канадските авиони да скршнат од патеката на летот, потсетува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета