Кина: Не исклучуваме употреба на воена сила врз Тајван

Сподели со своите пријатели

Властите во Пекинг не ја исклучуваат можноста за употреба на воена сила за повторно обединување на Тајван со Кина, соопшти денеска Канцеларијата за прашања на Тајван.

Loading...

„Не ветуваме дека ќе се воздржиме од употреба на воена сила. Кина го задржува правото да ги искористи сите неопходни средства (за конечно обединување со Тајван)“, нагласи претставникот на Канцеларијата на прес-конференцијата.

Во исто време, официјалниот претставник истакна дека Пекинг е посветен на мирно обединување со Тајван и ќе остане лојален на принципот „една земја, два системи“. „Кина има непроменлива и јасна позиција за Тајван“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

Тајван е управуван од локална администрација од 1949 година, кога преостанатите сили на генералот Чианг Каи-шек (1887-1975) биле поразени во Кинеската граѓанска војна и се засолниле на островот.

Тајван го задржа знамето и неколку други симболи на Република Кина од времето пред да дојдат на власт комунистите.

Според официјалниот став на Кина, кој го поддржуваат повеќето земји, вклучително и Русија, островот Тајван е една од кинеските провинции, наведува руската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.