Кина најави санкции против Ненси Пелоси

Сподели со своите пријатели

Народна Република Кина најави санкции против претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Loading...

Санкциите ќе ги опфатат и членовите на нејзиното семејство поради нејзината посета на Тајван, соопшти Министерството за надворешни работи.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска изјави дека Кина нема да прави план за патување за Америка, алудирајќи на нејзината неодамнешна посета на Тајван во рамките на нејзината азиска турнеја.

– Нема да дозволиме да го изолираат Тајван. Тие не го прават нашиот патен план, а партнерството меѓу САД и Тајван е силно – изјави Пелоси, пренесе Гардијан.

Таа тврди дека Кина се обидела да го изолира Тајван и дека нејзината посета на Тајпеј е „изговор Пекинг да спроведе воени вежби во близина на островот“.

– Кина се обиде да го изолира Тајван. Можеби ќе се обидат да го спречат Тајван да учествува на друго место, но нема да го изолираат Тајван со тоа што не спречуваат да дојдеме овде, додаде Пелоси во Токио, на крајот од нејзината посета на Индо-Пацификот.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.