Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а 26 се повредени во експлозија што се случи денеска во ресторан во провинцијата Хебеј во северна Кина, соопштија локалните власти.

Loading...

 

 

Се сомнева дека имало истекување на гас во ресторан во округот Санхе, градот Лангфанг, што ја предизвикало детонацијата, објави Канцеларијата за вонредни ситуации, објави Чајна дејли.

 

 

Loading...

На терен се испратени вкупно 154 пожарникари и 36 противпожарни возила.

Пожарот е ставен под контрола, а операцијата за спасување е во тек, соопшти пожарникарската служба на градот Лангфанг.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шериф упаднал во судницата во Кентаки и го изрешетал судијата