Ким нареди зајакнување на одбранбените капацитети на Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, по средбата со највисоките воени претставници, јавија денеска севернокорејските медиуми.

Loading...

Наредбата на севернокорејскиот лидер предизвикува загриженост за можното надополнување на одбранбените капацитети на Пјонгјанг со тактичко нуклеарно оружје, процени Ројтерс.

Воениот самит во Пјонгјанг беше внимателно следен поради зголемените шпекулации дека Северна Кореја би можела да го изврши својот прв нуклеарен тест по пет години, што според американските и јужнокорејските власти може да се случи во секое време.

Ким претседаваше со тридневната седница на осмиот пленум на Централната воена комисија, на која највисоките функционери „поддржаа важна одлука за обезбедување воени гаранции со цел да се зајакне военото одвраќање на земјата“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Талибанци: Пакистан изврши два воени напади врз Авганистан, загинаа осум деца

За време на состанокот беше одлучено Северна Кореја да ги зајакне оперативните должности на своите единици на фронтот со „важен план за воена акција“.

KCNA не ги објави деталите за тој план, кој очигледно е насочен кон Јужна Кореја, велат аналитичарите во Сеул, пренесува Ројтерс.

„Северна Кореја беше во можност да додаде можната употреба на тактичко нуклеарно оружје на своите нови оперативни планови со оглед на употребата на терминот воено одвраќање што се користи за нуклеарни капацитети“, рече Хонг Мин, соработник во Корејскиот институт за национално обединување во Сеул.

Вчера KCNA објави фотографија од највисоките функционери на Северна Кореја на состанок со карта на источниот брег на Корејскиот полуостров, каде што се наоѓаат јужнокорејските нуклеарни централи, пренесе Ројтерс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Париз: Фрлени пиротехника и молотови коктели кон полициска станица (ВИДЕО)

Официјален претставник на јужнокорејското Министерство за обединување изјави дека се чини дека Пјонгјанг намерно ја објавил оваа фотографија и дека најверојатно ќе продолжи со заканите кон Сеул.

Во извештајот на KCNA директно не се споменува нуклеарната или балистичката програма на Северна Кореја, но се прецизира дека Ри Пјонг Чол, кој го предводи развојот на ракетната програма на Пјонгјанг, е избран за потпретседател на Централната воена комисија на партијата, наведува британската агенција.

Запрашан за состанокот на севернокорејското воено раководство, јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол рече дека Сеул подготвува „силен одговор“ на активностите на Пјонгјанг.

Северна Кореја тестираше најголем број балистички ракети оваа година, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети (ICBMs), нови хиперсонични ракети и ракети со краток дострел потенцијално дизајнирани за тактичко нуклеарно оружје, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавина затрупа туристи на Камчатка, двајца исчезнати

Во март, Северна Кореја тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до територијата на САД, прекршувајќи го мораториумот од 2018 година за такви ракетни тестови, а евентуалниот нов нуклеарен тест од Пјонгјанг ќе биде седми од ваков вид.