Киев се подготвува за тешка зима

Сподели со своите пријатели

Состојбата во главниот град на Украина Киев и другите поголеми градови драстично се влоши по најголемиот руски ракетен напад врз електричната мрежа минатиот вторник.

Loading...

Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго објави дека дури 40 отсто од Украинците ги чувствуваат последиците од оштетување на најмалку 15 големи енергетски центри низ целата земја.

Со чести прекини на струја, стан во висока зграда со поглед на главниот град на Украина, разурната од војна, делува како замка на смртта.

Нема светлина, вода, готвење и лифт за брзо бегство од 21 кат во случај руска ракета да погоди.

Дури и кога ќе се врати напојувањето, тоа никогаш не трае долго, пишува Асошиејтед прес.

Анастасија Пироженко, жителка на Киев, која живее во облакодер од 26 ката, се жали дека неодамна имале струја само половина час во текот на целиот ден.

„Руските удари ја туркаат Украина во камено доба“, вели Анастасија.

„Нашата зграда е највисока во областа и е одлична цел за руските ракети, па го напуштивме станот да живееме со нашите родители и се подготвуваме за најлошата зима во нашите животи“, вели 25-годишната Анастасија, која била принудена да го напушти станот поради тешките услови за живот.

Loading...

Надлежните најавуваат тешка зима

„Укренерго“ предупредува дека прекинот на електричната енергија може да трае од неколку часа до неколку дена и посочува дека издржливоста и храброста ќе бидат клучни во зимскиот период.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија: Путин се обидува да спречи бунт во Русија

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, исто така ја истакна потребата градовите да бидат подготвени и отпорни на потенцијални прекини на електрична енергија.

„Најлошото сценарио. Всушност, не сакам да зборувам за тоа, но морам да бидам подготвен ако имаме прекини и немаме струја, вода, греење, услуги и комуникација“, рече Кличко во петокот.

Во соопштението Укренерго наведува дека „илјадници километри клучни високонапонски линии не работат“, што ја погодува целата земја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека повеќе од 10 милиони Украинци останале без електрична енергија по минатонеделните ракетни напади, но додаде дека ситуацијата значително се подобрила до недела.

Обнова на мрежите и техничките можности за снабдување, деминирање на далноводи, поправки – се се одвива 24 часа, рече Зеленски во ноќното обраќање.

Граѓаните можат да се стоплат на одредени локации

Наглото заладување и првиот снег дополнително ја искомплицираа ситуацијата во Киев, каде температурите честопати паѓаат под нулата во зимските месеци.

Граѓаните ги вклучуваат грејните тела поради студот што драстично го зголемува оптоварувањето на мрежата и го продолжува прекинот на струјата.

Loading...

Како решение надлежните најавија воведување места каде што луѓето ќе можат да се загреваат.

Така, во Киев се планирани 528 локации каде што жителите ќе можат да се загреваат, да пијат чај, да ги наполнат батериите и да ја добијат сета помош што им е потребна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ ќе се обиде да формира специјализиран суд за руски воени злосторства

„Подготвивме и (побаравме) електрични генератори (од) нашите партнери, кои ни ги испратија“, рече градоначалникот Кличко.

Многу жители на Киев почнаа да оставаат кутии со храна и батериски ламби во лифтовите, во случај некој да заглави подолго време во лифтот.

Прекините на струја предизвикуваат прекини во јавниот превоз, затворени се бројни мали продавници, а некои здравствени установи можат да работат со ограничен капацитет.

Основни претпријатија опремени со генератори

Стоматологот Виктор Туракевич вели дека е принуден да ги одложува прегледите на своите пациенти на неодредено време.

Неговата клиника во Киев не може да функционира без струја ниту преку ден, а генераторот ќе пристигне за неколку недели.

„Не можеме да примиме пациенти ни со акутни забоболки, луѓето треба долго да страдаат и да чекаат, но светлото се пали само по неколку часа на ден. Цените на генераторите вртоглаво пораснаа, но и со пари не е лесно да се да земете“, вели Виктор.

Loading...

Сепак, повеќето болници веќе добија генератори, така што нема прекини на струја.

Болницата Олександрив, најголемата и најстара во центарот на Киев, објави дека не ги откажала операциите бидејќи добила електрични генератори од Франција.

Доставени се и генератори до образовните институции и социјалните служби.

Осумгодишниот Јарослав престанал да го посетува своето училиште откако ракетен напад ги разнел сите прозорци на училиштето и го оштетил тамошното засолниште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Институт за војна: Русите ја менуваат тактиката

„Повеќето од децата учеа на далечина, но сега тоа веќе не е можно. Се обидуваме да ги заштитиме децата од ужасите на војната, но студот и недостатокот на електрична енергија многу го попречуваат тоа“, вели мајката на Јарослав, Олена.

Дали Путин се обидува да ги принуди Украинците да преговараат?

Аналитичарите тврдат дека руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура не влијаат на напредокот на украинската армија на југ и воопшто на ситуацијата на бојното поле.

Loading...

„Русите не можат да победат на бојното поле и затоа го користат студот и темнината како оружје против цивилното население, обидувајќи се да посеат паника, депресија и да ги деморализираат Украинците“, рече аналитичарот Володимир Фесенко.

Фесенко нагласува дека на рускиот претседател Владимир Путин му треба пауза во воениот конфликт бидејќи трпи порази и сака да го принуди Зеленски да се согласи на преговори со напади врз енергетската инфраструктура.

„Путин се обидува да ја направи цената на поддршката за Украина превисока – ова се однесува и на парите и на евентуалниот нов бран бегалци во Европа од замрзната земја“, вели Фесенко, уште еден аргумент за постојната руска тактика.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.