Киев: Русите го гранатираа предградието Вишгород

Сподели со своите пријатели

Шефот на регионалната воена администрација во Киев, Олексиј Кулеба, денеска соопшти дека руските сили извршиле ракетни напади врз предградието на главниот град на Украина, откако беше објавено дека во областа се слушнале серија експлозии.

Loading...

Според него, руските сили извршиле ракетен напад врз областа Вишгород северно од центарот на градот.

Тој прецизираше дека се забележани два удари, пренесува Гардијан.

Кулеба изјави дека засега нема извештаи за жртви или оштетувања на станбени и инфраструктурни објекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои делови на Украина сака Путин да ги припои кон Русија?

Украинската армија претходно соопшти дека околу 3 часот по полноќ се слушнале неколку експлозии и дека граѓаните биле повикани веднаш да одат во засолништата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.