Иран уапси четири лица поврзани со Мосад

Сподели со своите пријатели

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) уапси четири лица во северната покраина Гилан, кои ги обвинува за врски со израелската разузнавачка агенција Мосад, пишува иранската државна новинска агенција ИРНА.

Агенцијата наведува дека четворицата „агенти“ биле уапсени благодарение на „напорите на разузнавачкиот персонал“ на Гардата.

Осомничените се обвинети за обезбедување фотографии и локации на чувствителни воени и безбедносни објекти во Иран на службеници на Мосад преку интернет.

Според извештајот, овие активности се одвивале за време на војната. Засега нема повеќе информации за тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Инвазија“ на пчели во Израел: Десетици илјади инсекти го преплавија градот, издадено итно предупредување (ВИДЕО)