Едно лице е убиено, а пет се ранети во пукање пред бар во Канзас, каде полицајци кои не биле на должност работеле како обезбедување.
Loading...
Пукањето се случило во неделата вечерта околу 23 часот по локално време, по неред во еден бар, соопшти полицијата во Мисури, пренесе АП.
Тројца офицери кои не биле на должност работеле како обезбедување, велат од патролата, а при престрелката возвратиле.
Нема информации дека некој од нив е повреден при размената на оган.
„Во ситуации како оваа, не можете да предвидите што ќе се случи, но се преземаат некои мерки на претпазливост“, изјави полицаецот Бил Лав.
Засега не се знае дали куршумите испукани од полицајци кои не биле на должност погодиле некого, а истрагата е во тек.