Какво време не` очекува за викенд

Сподели со своите пријатели

Овој викенд носи уште едно блиц заладување, и тоа на самата средина. Ноќта од сабота кон недела се очекува уште еден брз продор на студен воздух од север.

Loading...

Сабота ќе биде потопла од недела. Во текот на денот очекуваме максимална температура која низ котлините во источниот крај, како и повардарскиот регион, ќе достигне вредности од 27°С до 30°С. Југозападниот крај ќе биде само малку посвеж, со максимална од 25°С до 27°С.

Се очекува локална, умерена нестабилност, пред се во западната и северната половина од земјата. Оваа нестабилност ќе донесе изолирана појава на краткотраен пороен дожд, проследен со релативно ретка појава на грмежи. Вечерта ќе биде облачна и ќе донесе повремен релативно слаб дожд во поголем дел од земјата.

Рано наутро во недела од северозапад кој југоисток ќе помине нов бран на врнежи во поголем дел од Македонија. Околу пладне и рано попладне очекуваме поголемо наоблачување кое ќе донесе краткотрајни врнежи на поголем дел од нашата територија. Овие врнежи повторно изолирано ќе бидат поинтензивни. Доцна попладне ќе настапи нагло намалување на облачноста, проследено со ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде пониска во однос на саботната за околу 5°С.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.