Како се укинати монархиите во светот: Некои кралеви се убиени, некои станале премиери

Сподели со своите пријатели

Кралицате Елизабета II е монарх кој најдолго се наоѓа на престолот, другите кралеви и кралици не добиле можност да уживаат во истата долговечност.

Loading...

Промената на политичките околности, граѓанските немири и ширењето на демократијата доведоа до укинување на монархијата во многу земји во последните неколку векови.

Овие деца се потомци на најмоќните кралски семејства, а еден ден ќе управуваат со монархија (ВИДЕО)

Француската монархија заврши со Француската револуција

Францускиот крал Луј Шеснаесетти го презел престолот во 1774 година, но недостигот на храна и проблеми со економијата предизвикале масовно востание во форма на Француската револуција во 1789 година.

Монархијата беше официјално укината во 1792 година. Кралот Луј и неговата сопруга Мери Антонаета биле уапсени и на крајот биле егзекутирани на гилотина.

Loading...

Португалската круна „паднала“ во 1910 година

Мануел Втори бил последниот крал на Португалија, кој владеел од 1908 година сè додека државата не станала република во 1910 година.

Тој неочекувано станал крал на 18-годишна возраст, откако неговиот татко и постариот брат биле убиени во Лисабон. Мануел побегнал во Лондон кога избувнала револуцијата во 1910 година.

Сè уште има некои наследници на кралското семејство, како Дом Дуарте, Војводата од Брагана. Сепак, владата ги смета за претставници на монархијата без вистинска моќ.

Крајот на династијата Романов

Царот Николај Втори, кој управувал со Русија од 1894 година, бил принуден да абдицира во 1917 година, по штрајковите и протестите во Петроград. Познато како „Февруарска револуција“, движењето стави крај на 300-годишното владеење на династијата Романов.

Loading...

Николај, кој бил прв братучед со британскиот крал Цорџ V, бил во заробеништво со семејството, сè додека, во 1918 година, не биле убиени од болшевичките сили.

Царот Вилхелм Втори бил последниот император на Германија и крал на Прусија

Вилхелм Втори, внук на кралицата Викторија, станал император по смртта на неговиот татко во 1888 година.

Тајни друштва кои владеат со светот: Овие познати личности биле дел од нив

Серија јавни грешки и ненамерни трошоци за време на Втората светска војна довеле до негово абдицирање во 1918 година. Абдикацијата била објавена уште пред тој воопшто да се согласи со тоа.

Остатокот од животот го поминал во егзил во Холандија.

Loading...

Падот на Отоманската империја

Кога Османлиите биле поразени во Првата светска војна, повеќето од нивните територии биле поделени меѓу: Велика Британија, Франција, Грција и Русија, според Договорот од Лозана.

Титулата „отомански султан“ била укината во 1922 година а Големото национално собрание ја прогласило Турција за република во 1923 година.

СКАНДАЛ: Книга за сексуалниот живот на кралицата ја занеме британската јавност

Loading...

Последниот грчки крал

Грчката монархија постоела од 1832 до 1924 година и повторно од 1935 до 1974 година.

Грција за прв пат била прогласена за република од страна на Националното собрание во 1924 година. Кралот Џорџ Втори бил во егзил до 1935 година, кога популистичката партија дошла на власт во Собранието и повторно ја воспоставила монархијата.

Таа била укината засекогаш под воениот режим, кој ја воспоставил републиката во 1973 година. Следната година се одржале избори за членови на Владата.

Константин Втори бил последниот грчки крал кој владеел од 1964 до 1974 година.

Loading...

Тој бил протеран во Лондон и неколкупати ја посетувал Атина, што не наишло на одобрување од народот.

Сината крв: Како кралот на Шведска ја засакал својата преведувачка?

Контроверзниот Виктор Емануел III

Италија станала република во 1946 година, кршејќи го владеењето на кралското семејство.

Последниот крал на Италија, Виктор Емануел III, сè уште е контроверзна фигура. За време на неговото владеење, тој го олеснил фашистичкиот режим на Бенито Мусолини и го легализирал прогонот на Евреите.

Loading...

Кога Италија гласаа да стане република во 1946 година, Виктор Емануел ја напуштил земјата и живеек во егзил во Египет, сè до неговата смрт во 1947 година.

Внуците на Михаи продолжуваат да бидат омилени на народот

Романската монархија завршила во 1947 година, но сè уште постои интерес за членовите на кралското семејство.

Романија стана уставна монархија во 1881 година, а монархијата била целосно укината во 1947 година, кога на власт дошле комунистите.

Loading...

Кралот Михаи Први, последниот крал на Романија и втор роднина на кралицата Елизабета, живеел во Женева до крајот на животот. Нивните внуци и натаму остануваат предмет на интересирање на јавноста.

Од крал до премиер

Симеон Сакс-Кобург Гота, последниот крал на Бугарија, е еден од ретките членови на монархијата кој исто така бил избран за премиер во демократска влада.

Симеон Сакс-Кобург Гота бил последниот крал на Бугарија. Комунистичкиот удар во 1944 година довел до укинување на монархијата во 1946 година.

По напуштањето на егзилот во Мадрид, тој се вратил во Бугарија во 2001 година и формирал своја политичка партија и бил избран за премиер.

Loading...

фото: Википедија

Шах се јавува само понекогаш

Последниот крал на Непал, Гјанендра Бир Бикрам Шах Дев, владеел од 2001 до 2008 година.

Гјанендра Шах го презел престолот во 2001 година, откако крунскиот принц Дипендра го убил кралот Бирендра и осум други членови на непалското кралско семејство, а потоа се самоубил.

Кралот го распуштил парламентот во 2002 година, за време на бурен период за земјата и бил принуден да го врати во 2006 година, по неколку недели протести.

Две години подоцна, непалското Уставно собрание ја прогласи оваа земја за демократска република и ја укина монархијата.

Шах се појавува во јавноста само во одредени службени прилики откако се повлече од тронот.

Leave a Reply