Kако не и е срам: Застана пред автобусот со чанти, и изведе нешто што многумина ги остави во чудо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необична сцена се случила на железничката станица Ретиро во Буенос Аирес, кога една жена се обидела да се преправа дека ја удрил автобус, веројатно за да добие отштета на име осигурување.

Loading...

Жената чудно ја минувала улицата со багаж во рака и ранец на грб, а бидејќи и бил сомнителен на возачот, тој решил да ја сними.

Се испостави дека тоа е негов правилен потег, бидејќи кој би поверувал дека сè не изгледало како што изгледало на почетокот.

Имено, жената во еден момент стигнала до возилото, а потоа се фрлила на патот како во базен и останала неподвижна да лежи, пренесува Tiempo de San Juan.

Видеото, се разбира, многу брзо ги обиколи социјалните мрежи, а јасно е кои се нејзините намери, бидејќи евидентно е дека се фрлила и дека возилото не удрило во неа.

Оваа жена и е позната на полицијата бидејќи и претходно имала слични испади, бидејќи неколку пати се обидувала да се преправа дека е оштетена во сообраќајот за да наплати отштета на име осигурување.

 

https://www.youtube.com/watch?v=tm0ZGqK7vIo&feature=emb_title

Loading...