Како да се ослободите од хрчењето?

Сподели со своите пријатели

За мир во домот и подобар сон на останатите членови на семејството прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат да се ослободите од хрчењето.

Loading...

Пробајте да спиете на стомак, бидејќи кога спиете на грб,  јазикот и непцата го затвараат протокот на воздух, што предизвикува хрчење. Голема е веројатноста дека ќе се свртите во сон, па пробајте да ја гушнете перницата со што подолго ќе се задржите на предната страна.

 

 

Најголеми грешки кои ги правиме при нега на забите, избегнете ги!

Доколку хрчењето е предизвикано поради затнување на носот , треба да се стават капки за нос на база на морска вода. Доколку затнувањето на носот трае подолго обратете се на лекар.

Ленти за нос се исто ефикасни, тие го држат носот отворен и го зголемуваат протокот на воздух, со што се ублажува хрчењето.

Loading...

Неколку часа пред спиење не јадете тешки оброци и не пијте алкохолни пијалоци. Смалете го пушењето, бидејќи пушењето предизвикува дразнење на слузницата и отекување на грлото што доведува до затвoрање на дишните патишта и појава на хрчење.

 

 

Со чај од коприва против анемија, воспаление и прелада

Ако имате алергија на прашина , неопходно е да ја одржувате собата чиста и ако е можно без теписи и завеси.

Leave a Reply