Како да одмрзнете месо на најздрав начин: Сите правиме грешка!

Сподели со своите пријатели

Иако е најдобро секогаш да се користи свежо месо, не секогаш сме во можност да го сториме тоа, затоа тогаш посегнуваме по замрзнати парчиња. И тоа е сосема во ред, но важно е само правилно да го чуваме и правилно да го стопиме, за да се избегне инфекција со бактерии.

Loading...

Кога станува збор за одмрзнување, постојат два начина на кои луѓето тоа го прават најчесто, и двата не се во ред. Имено, месото или го одмрзнуваме брзо, ставајќи го во топла вода или го оставаме некаде во кујната да помине ноќта, за да се одмрзне да се користи следниот ден.

 

 

Ниту една од овие две методи не е добра бидејќи може да доведе до развој на бактерии, а кога станува збор за оставање на месото на собна температура, не треба да стои таму повеќе од два часа, бидејќи паралелно со затоплувањето на месото, бактериите се размножуваат.

Всушност, експертите велат дека постои само еден сосема безбеден начин за одмрзнување на месото, а тоа вклучува малку планирање напред. Наместо на двата начина што луѓето ги користат најчесто, најдобро е месото да го префрлите од замрзнувач во фрижидер ден пред да го користите во подготовка на оброци. Ова решение не е најбрзо, но дефинитивно е најздраво и најбезбедно.

 

Loading...

Leave a Reply