Како било формирано кумановско Клечовце?

Сподели со своите пријатели

До пред околу 300 години, сите села во Карадак биле христијански, за што укажуваат и нивните христијански имиња. Но, во тоа време, во овој крај силно започнале да се доселуваат Албанци, по мирен пат или со насилие, и постепено, но исгурно се изменувал етничкиот состав на населението.

Во тоа време, дури и селото Табановце имало свој селски атар – шума во планината, но со доселувањето на Албанците, сиот крај станал несигурен.

Loading...

Како комитското село Рамно го добило своето име?

Мнозина христијани – дрвари на таинствен начин ги снемувало или пак јавно биле пљачкосувани и убивани од разни албански разбојници, многу куќи биле запалувани, жени и девојки насилно грабнувани и силувани.

Поради тоа, многу зачестиле иселувањата на христијанските семејства, па дури и цели села за кусо време запустувале и постепено нив ги заменувале албанските доселеници.

Наоѓајќи се на подножјето на планинскиот масив, со обработлив атар во најплодниот дел на Кумановско поле, селото Отља најдолго издржало на тој албански притисок. Но, кога во кумановско зафатила некоја страшна колера (веројатно 1706 година) и подлегнал голем дел од населението, особено видните првенци, доцна есента една голема група селани засекогаш го напуштила родното село и стигнале до денешното село Клечовце, со намера да продолжат кон југоисток.

Како настанало кумановско Четирце?

Но, зимата веќе била на прагот, па решиле тука да „проклечат“ додека помине зимата, направиле привремени засолништа и тука заседнале.

Исто така, на ова место стигнала и една група Турци од селото Страцин, кое тогаш имало над 300 турски и 300 христијански куќи, па и тие решиле тука да ја „преклечат“ зимата.

Но, и на едните и на другите местото им се допаднало, па подоцна решиле тука да живеат, а по нивната намера само да ја „преклечат“ зимата, селото било наречено Клечовце.

Loading...

Извор: „Наш весник“ – 29 мај 1970 година


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *