Како настанало кумановско Четирце?

Сподели со своите пријатели

Четири пати четирчани го населувале „Старо село“ (месност во село Четирце) и по секое нивно населување беснеела страшна чума, па од масовен помор запустувало селото.

Loading...

Најпосле, остатокот од четвртата група населеници побегнале од чумата што владеела во „Старо село“ и кај „Конопљиште’ (сегашното село Четирце) подигнале нови живеалишта – колиби со чатии директно од земјата и покриени со ‘ржаница и царевковина.

Како селото Думановце го добило своето име?

Така, од четирите семејства, што ја преживеале тешката болест, настанало мало населено место со четири куќи.

Но, проклетата чума ни подоцна не ги оставала на мира. Напатените селани преземале разни мерки за да се заштитат од неа, но без успеј. Сепак, по долги страдања и усилби, најпосле било најдено решение.

Атарот на идното село Четирце круќно го заорале со два вола близнака, брат и сестра, и таа заорана меѓа засекогаш ги заштитила од чумата и страдањата.

Како настанало кумановското село Лопате и како го добило своето име?

Така засекогаш било населено селото Четирце. Така се верува дека од тоа заорување, кога чка тапан или пука пушка во Четирце, не се слуша кон околните села Табановце, Карабичане или Сушево надвор о заораниот четирски атар, а обратно се слуша секој звук.

Loading...

Извор: „Наш весник“ 17 април, 1970 година

Leave a Reply