Како комитското село Рамно го добило своето име?

Сподели со своите пријатели

Кога биле турските зулуми, во Козјачијата се појавил силен комитлак, особено во селото Рамно.

Loading...

Штом дошол турски аскер во нивното село, тие начисто го збришувале и речиси секој ден се водела тешка битка со нивните комити.

Еден ден Турците спровеле најголема акција за уништување на комитите од село Рамно, но при судирот во селото не успеале да ги уништат и комитите се повлекле во планината.

Огорчени од секојдневните потери по комитското село, тогаш Турците до последен испотепале се машко и женско, го запалиле селото и кога се вратиле во својот конакт кај што било турското собрание, ги прашале:

– Што направивте?

– Рамно – кратко одговорил водачот на скерот од казнениот поход.

– Како тоа? – барале дообјаснување.

– Се потепавме и машко и женско, и селото го запаливме…

Loading...

– Добро, закличиле во турското собрание, штом се е рамно, нека остане да се вика Рамно.

Извор: „Наш весник“ – 1 мај, 1970 година

Leave a Reply