Кај 26-годишен кумановец пронајдена марихуана, заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец заработи кривична пријава, откако полицијата во ноември лани му пронашла марихуана во домот.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 15.11.2019 спроти угостителски објекти на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, полициски службеници при преглед над пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.

Никола Ивановски

Leave a Reply