Кадиров: Уште 3.000 борци од Чеченија подготвени да заминат во Украина

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да одат да се борат во Украина.

Loading...

„Тие (борците) ја имаат најдобрата опрема и модерното оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и високо мотивирани да постигнат резултати“, рече Кадиров на Телеграм.

За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“, наведува Ројтерс.

Кадиров во мај рече дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на руско-украинската војна.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА