Јужна Африка: Бројот на загинати рудари се искачи на 87

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати рудари додека работеле нелегално во јама во напуштен рудник за злато се искачи на 87, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Повеќе од 240 преживеани рудари беа извлечени од рудникот за време на спасувачката операција, пренесе АП.

Портпаролката на националната полиција Атленда Мате рече дека 78 тела на жртвите биле извлечени од рудничката јама за време на официјалната спасувачка операција што започна во понеделникот, а девет тела се извлечени подоцна.

Јужноафриканските власти се најдоа на мета на критики поради нивните постапки кога привремено ги прекинаа снабдувањето со храна и вода за рударите во обид да ги натераат да излезат на површината, но многу рудари одбија да заминат поради страв од апсење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во трговски центар во Тајван, неколку мртви

Групите за човекови права кои ги застапуваат рударите тврдат, сепак, дека некои од нив биле заробени внатре и оставени да умрат од глад.

Мате не соопшти детали за спасувачката операција.

Локалните заедници организираа сопствени обиди да ги извлечат рударите, откако властите минатиот месец рекоа дека нема да им помогнат на нелегалните рудари, нарекувајќи ги „криминалци“.

Се сомнева дека рударите во јамата починале од глад и дехидрација.

Loading...

Јужноафриканските власти веруваат дека од август минатата година речиси 2.000 рудари работат нелегално во златниот рудник Бафелсфонтејн, југозападно од Јоханесбург.

Многумина од нив самоиницијативно го напуштија рудникот во изминатите неколку месеци, а полицијата ги уапси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белорусија ослободи тројца затвореници, меѓу кои американски државјанин и еден новинар

Полицијата соопшти дека операцијата за извлекување на рударите е завршена и дека се уште никој не е под земја.