ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово доби три метларки

Сподели со своите пријатели

Кумановското јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ доби три метларки со кои ќе се одржува хигиената на градските плоштади и булевари, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

Loading...

Трите метларки, една голема и две мали, јавното претпријатие ги добило од Центарот за развој на североисточниот плански регион.

-Метларките ќе го променат начинот на чистење, ќе придонесат за почист град. Големата ќе ја користиме за чистење на булеварите, а двете мали за централното градско подрачје-изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.

Во наредниот период, најави, претпријатието ќе се обиде да набави дополнителен број на метларки или со сопствени средства или со средства обезбедени од донација.

Владимир Павловски, од Центарот за развој на североисточниот плански регион, информираше дека вредноста на договорот за набавката на метларките е 8.982.936 денари.

Средствата, појасни обезбедени се од апликацијата за проектот за развој на плански региони „Подобрување на условите за рурален развој на туризмот и мобилност во СИПР, фаза 4“  кои ги реализира Бирото за регионален развој од Министерството за локална самоуправа.

Leave a Reply