Јапонија успешно тестираше летечки автомобил со човечки екипаж (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јапонија за прв пат успешно тестираше летечки автомобил со екипаж, а овие возила се очекува да бидат меѓу главните атракции на Светската изложба (Експо) 2025 година, која ќе се одржи во Осака од 13 април до 13 октомври.

Loading...

Тестираното возило се издигна во воздух 10 секунди по активирањето со помош на пропелер, на висина од осум метри, пренесува агенцијата Kyodo.

Возилото се движело наназад, напред, лево и десно, неколку пати свртело и слетало на земја.

Летечкиот автомобил бил управуван од Масатоши Кумагаи, основач и шеф на ГМО, компанија која нуди сајбер безбедносни услуги за такви возила и дронови.

Кумагаги, кој доби специјална обука во САД за летот, по слетувањето изјави дека го имал истото чувство „како кога користел конзола за игри“.

– Технологијата повеќе не е сомнителна, но се соочуваме со големи предизвици поради јапонските ограничувања во сообраќајот, како и можниот страв на јапонските граѓани за сопствената безбедност, рече Кумагаи.

Земјата на изгрејсонцето планира овие „летечки такси“ да ги превезуваат посетителите на World Expo на еден од вештачките острови во заливот Осака, каде што ќе се одржи Експо 2025 година.

 

Loading...