Израел за два дена ја нападна Сирија 480 пати

Сподели со своите пријатели

Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ Сирија.

Loading...

Израелските сили извршија околу 480 напади во изминатите два дена, насочени кон стратешки воени објекти, додека израелската морнарица ја гаѓаше сириската флота.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За шест недели, 875 Палестинци убиени додека чекале хуманитарна помош

ОН ги критикуваат потезите на Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ја опиша операцијата како „голем успех“, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху го поздрави падот на режимот на Асад како „ново и драматично поглавје“.

Нетанјаху изјави дека ваквиот развој на настаните е резултат на израелските напади врз Хамас, Хезболах и Иран и дека геополитичката слика на Блискиот Исток се менува.

Иако израелските власти сметаат дека падот на Асад е позитивен поради неговите врски со Иран и Хезболах, тие се загрижени за иднината на Сирија, пишува Си-Ен-Ен.

Loading...

Министерот за надворешни работи Гидеон Шар изјави дека Израел напаѓа објекти со хемиско оружје и ракети со долг дострел за да ги спречи да паднат во рацете на екстремистите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гутереш ја оцени ситуацијата во Газа како „ужасна“

„Што доаѓа после тоа останува нејасно“, рече Шар, додавајќи дека Израел ги презема сите можни чекори за да ја обезбеди својата безбедност во оваа нестабилна ситуација.

ОН и значителен дел од меѓународната заедница ги критикуваат потезите на Израел, кои сметаат дека го нарушуваат територијалниот интегритет на Сирија и поттикнуваат натамошна нестабилност во земјата.

Од 1967 година Израел ја окупира Голанската висорамнина на тројната граница меѓу Израел, Либан и Сирија, а за време на владеењето на Асад извршуваа напади врз Сирија.